сабота, 15. јануари 2022. Вести денес: 0
home Живот и стил

Нането не е само зачин, тоа е и лек

Нането не е само зачин, тоа е и лек

Нането може да го зачини животот, кога станува збор за исхраната, но и за здравјето, потврдија експертите од германската служба за анализа и информации за храната, исхраната и земјоделието.

Лутото нане на сите водови продукти им дава свежа арома, без оглед дали се додава во освежителни пијалаци, десерти или во јадења.

Етеричните масла од нането го прават особено ефикасно, неговите лисја содржат многу еукалиптол и ментол. Маслото ги олеснува грчевите во желудникот, влијае на намалувањето на главоболката и ги отстранува пречките во варењето на храната.

-Меѓутоа, премногу нане може да има лош ефект врз организмот. Големо количество еукалиптол не влијае добро врз слузокожата на желудникот. Повеќе од три шолји чај од нане на ден, претставува преголемо количество за организмот, сметаат стручњаците.

Употребата на лутото и зеленото нане е многу раширена. Свежиот вкус на нане добро оди со салати, зеленчук, јагнешко, мелено месо, компир, зрнесто овошје, чоколада и десерти од млечните производи. Стручњаците потсетуваат дека свежите листови нане брзо ја губат аромата и поради тоа на јадењата треба да им се додаваат по, а не завреме на приготвувањето.

Коронавирус