недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Живот и стил

Наместо протези носела конзерви: Ова е девојчето со најтажна судбина на светот (ФОТО)

Наместо протези носела конзерви: Ова е девојчето со најтажна судбина на светот (ФОТО)

Неверојатната желба за преживување го одбележа живото на малата Маја Мерхи, која е родена без нозе. За неа и нејзиното семејство тој физички недостаток не беше несовладлива препрека туку вистински предизвик. И прилика нејзиниот татко да го оствари својот сон.

Осумгодишната Маја од бегалски камп во северниот дел на Сирија одела благодарејќи на протезта која ја направил нејзиниот татко од конзерви од туна. Неколку случајни фотографии кои благодарение на социјалните мрежи ги виде целиот свет и го одведе девојчето во Турција, каде конечно ги доби своите „вистински“ нозе.

Нејзиниот татко Мохамед Мерхи, кој боледува од истото пореметување како и таа, е состојба која се нарекува конгенитална ампутација, избегал од Алепо и со својата жена и шесте деца засолниште нашол во камп во Идлиб. Животната ситуација за него и неговото семејство посебно била тешка за нивните деца, а посебно за Маја. Како и својот татко лесно можела да се движи ползејќи, но операцијата која ја направила неодамна која дополнително ги смалила нејзините нозе и дури и оневозможиле и ползење. После тоа цел ден минувала седејќи во шаторот.

-Не можела да оди па моравме да и направиме нешто што би ја заштитило од земја, кажа тој говорејќи за импровизираните нозе кои за неа ги направил од разни туби и стари конзерви од туна. Тој вели дека конзервите од туна ги употребил затоа што пластичните цевки не се покаажле доволно отпорни во допирот со тлото.

Таткото внимателно водел грижа во нејзината рачно направена протеза и пластичните цевки и ги менувал еднаш месечно, а конзервите една неделно.

Лекарите веруваат дека девојчето ќе може потполно да оди користејќи ги своите протези нозе, баш благодарејќи на големата одлучност на нејзиниот татко. Неговата протеза, рачна изработка, девојчето впрочен ја научила да оди, а со тоа олеснила работата на лекарите.

 

Коронавирус