понеделник, 22. април 2019. Вести денес: 42
home Живот и стил

Најкраткиот брак во историјата: Се развеле три минути по судбоносното „ДА“, ова е причината

Најкраткиот брак во историјата: Се развеле три минути по судбоносното „ДА“, ова е причината

Во Кувајт неодамна бил склучен најкраткиот брак на светот, пренесуваат тамошните медиуми. Сè било многу неочекувано и набрзина, иако целиот настан почнал сосема нормално како секоја друга венчавка.

После извршувањето на должноста на матичарот и ставањето на потписи во документот, брачниот пар излегол надвор од општината, за да прослави. Меѓутоа, при излегувањето невестата се сопнала.

Младоженецот можел да ѝ помогне, но можел и да молчи. Тој одбрал да ја исмева и да ѝ објаснува колку е глупава поради тоа што ѝ се случило.

Невестата во афект од бес и понижување, истата секунда побарала развод на лице место. Во брак биле само три минути.

Сè уште не е официјално дали матичарот ја прифарил нејзината молба, но оваа невеста на интернет има целосна поддршка.

„Ако така се однесува на почетокот на бракот, на што да се надеваш понатаму? Добро е што си го оставила“, напишала една интернет корисничка.

„Клучот до добриот брак е почит, а тој паднал на овој испит веднаш после венчавката“, напишала друга.