среда, 20. март 2019. Вести денес: 113
home Живот и стил

Начинот на кој ја држите чашата говори многу за вашиот карактер

Важно е како го пиете својот омилен пијалак и како наздравувате.
Начинот на кој ја држите чашата говори многу за вашиот карактер

Во зависност од тоа може да бидете трачарка, срамежлива личност, кокетам љубовница, ледена кралица, плејбој тип…

Доктор Глен особено внимание има посветено на говорот на телото кога луѓето со чаша во раката испраќаат сигнали во околината. Тоа може да биде од голема помош кога запознавате нови луѓе.

Ако чашата ја држите заштитнички и не ја испуштате од рака, вие сте срамежливи. Пијалакот никогаш не го пиете до крај, последните голтки ги чувате во случај некој да ви пријде, па да ги испиете ако сте нервозни.

Ако пиете од шише, значи дека сте друштвени и комуникативни. Сакате да се смеете и уживате во друштво на пријателите, но сакате да запознавате и нови луѓе. Често шишето го држите во висина на своите рамена. Голтките ви се кратки за да не пропуштите ни секунда од разговорот.

Кокетите обилно чашите ги држат нежно, префинето и помалку провокативно со раширени прсти. Чашата ја држат во близина на деколтето за сепак да ги покажат своите атрибути. Додека полека пијат една голтка заводливо гледаат низ чашата.

Ледената кралица секако природно има студен, одбрамбен став. Најчесто пие од винска или ниска чаша која цврсто ја држи пред себе, како некоја бариера со која ја чува својата интима. Нивниот оклоп е речиси невозможно да се скрши. Мора да бидете упорни и да имате квалитетен пристап.

Препотентните момци се познаваат по тоа што пијат пиво од шише, имаат сигурен пристап, арогантни се. Седат на начин да може да зафатат што повеќе простор, а чашата ја ставаат далеку пред себе за да ја прошират својата територија. Ако им пријдете онака, нема да наидете на добредојде.

Луѓето кои се склони кон насилно однесување ќе ги препознаете по големите чаши, кои им го симболизираат оружјето. Со гестикулација и внесување на соговорникот во лице праќаат заканувачка порака. Мислат дека се знаат и најчесто се непријателски расположени. Најдобро е да ги избегнувате,

Трачарите не сакаат нови луѓе во своето друштво. Винската чаша ја држат за долниот дел. Често се наведнуваат над чашата кон соговорникот за да му шепнат нешто во доверба.