вторник, 18. јуни 2019. Вести денес: 49
home Живот и стил

На свадбените чевли најде порака од покојната мајка: Овие зборови ја оставија без здив идната невеста (ФОТО)

На свадбените чевли најде порака од покојната мајка: Овие зборови ја оставија без здив идната невеста (ФОТО)

Идна невеста од Велика Британија била облеана со емоции кога само неколку месеци пред венчавката ги зема во раце чевлите за големиот ден.

На нив најде порака напишана од нејзината покојна мајка.

Ема направила веридба во 2016-та година, но за жал само еден месец подоцна на нејзината мајка и е дијагностициран рак. Следната година починала.

Додека се борела за живот одлучила на ваков или таков начин да биде дел од венчавката на нејзината ќерка. Нарачала чевли и платила на нив да биде испишана емотивна порака.

„Сакав да имаш подарок од мене за твојата венчавка. Свадбените чевли се мој подарок за тебе. Се надевам дека ќе имаш волшебен ден. Многу, многу љубов и големи прегратки“-пишува на долната страна од чевлите.

Ема објасни дека кога ја прочитала пораката почнала да плаче и не можела да земе воздух или да проговори.