среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Живот и стил

На што треба да внимавате за да не се оштети бојата на вашиот автомобил?

На што треба да внимавате за да не се оштети бојата на вашиот автомобил?

Дали сте приметиле досега дека лакот на бојата или самата боја е исфлекана? Тоа е најчесто резултат на надворешни влијанија, но најмногу поради нашата негрижа.

За да ги спречите овие појави и да го зачувате сјајот на вашето возило потребно е да избегнувате, но и веднаш да реагирате во одредени случаи.

Така на пример по возење во близина на морски брег задолжително е да го измиете возилото. Испарувањето на морската вода може да го разјади површниот лак, но и да предизвика корозија. Истото важи и кога возите по патишта на кои има фрлено сол.

Никако не треба да игнорирате кога на површината на бојата имате смола, мртви инсекти, измет од инсекти и од птици. Тие содржат киселини кои може значително да ја оштетат бојата.

Често мијте го возилото. Не доволувајте тоа да го правите еднаш на месец-два бидејќи таложењето на прав и нечистотија може да имаат ист ефект како и изметот од инсекти.

Задолжително е темелно миење на возилото доколку возите во области контаминирани со мрсен чад, прав, железо во прав или хемиски супстанци. Исто така при точење на гориво внимавајте да не се истури бензин на бојата.

При миење, не користете четки и други крути крпи. Истите може значително да го оштетат лакот.

Извор: 24auto.mk