среда, 12. август 2020. Вести денес: 95
home Живот и стил

На овој начин пробајте да се ослободите од стресот и да ја намалите анксиозноста

На овој начин пробајте да се ослободите од стресот и да ја намалите анксиозноста

Медитацијата потекнува од будизмот и е преполна со различни техники кои можат да ви помогнат да се чувствувате спокојно. Така, таа може да ви помогне да ја развиете свеста околу вашето опкружување, како и за телото и мислите.

Вие можете да медитирате и кога одите. Ќе одите по права линија и еден круг напред и назад и замислете дека имате лавиринт. Одете побавно и обидете се да го контролирате дишењето. Постојат неколку видови на медитација во одење, а најпозната е Випaсана. Ако ја практикувате често ќе ви помогне да ја развиете свеста за егзистенцијата и ќе ви помогне со лошите мисли за нестабилност и несвојственост.

Медитацијата во одење исто така ќе ви ја раздвижи и циркулацијата. Ова е особено добро за луѓе кои поминуваат многу време седејќи на работното место.

Медитацијата се прави на празен стомак. Големи се шансите да со Випaсана да ги избегнете мислите за проблемите во животот. Исто така со нејзино практикување ќе го подобрите и нивото на шеќер во крвта.

Научниците тврдат дека ако ја практикувате медитацијата во одење ќе ја подобрите и рамнотежата.

Медитацијата е најпогодна кога имате некој психолошки проблем. Со медитацијата ќе ја намалите анксиозноста и привремено ќе се решите од стресот.

Покрај сите придобивки од овој тип на медитација, со нејзино практикуње ќе имате и поквалитетен сон а и физичкото вежбање ќе ви биде позабавно.

Коронавирус