сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

На нивната свадба солзите не беа радосници: Дознал дека умира, па си ја оженил саканата на трогателна церемонија

На нивната свадба солзите не беа радосници: Дознал дека умира, па си ја оженил саканата на трогателна церемонија

На трогателна церемонија во болница во Лондон 24-годишниот Дарен Истон се ожени со својата свршеница Лорен Папе. Одлуката за свадбата била донесена веднаш штом лекарот го информирал Дарен дека трансплантацијата на белите дробови не била успешна и дека несреќниот млад човек има уште неколку недели од  животот.

Дарен и Лорен страдаат од цистична фиброза, ретка неизлечлива болест на жлездите која првенствено влијае на респираторниот и дигестивниот систем и значително им го намалува животниот век на заболените.

-Кога дознав дека набргу ќе умрам, решив да се венчаме што е можно побргу. Повеќе од сè сакам Лорен да биде среќна. Па знам дека дури и кога ќе заминам, јас секогаш ќе бидам со неа, изјави Дарен за британски „Мирор“.

Тие се запознале на погребот на заеднички пријател, кој страдал од истата болест. Неколку недели подоцна тие биле примени во иста болница, сместени во соседни соби. Набргу се развило пријателство, а нивната сè поголема поврзаност и блискост почнала да го загрижува медицинскиот персонал.

Пациентите со цистична фиброза не треба да поминуваат многу време заедно поради ризикот од пренесување инфекции. Но, Дарен и Лорен станале најдобри пријатели, поврзани души, двојка, и болничкиот персонал на крајот сфатил дека тоа нема да се промени.

На свадбената веселба, заедно со најблиското семејство, присуствуваше и медицинскиот персонал што се грижеше за двојката сите овие години. Дарен, кој веќе прима морфиум, мораше да се одмори меѓу церемонијата на свадбата и веселбата. Но, сепак, смогна сили да стане од инвалидската количка за првиот танц со својата сопруга.

Коронавирус