сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Мудро бирајте ги работите кои ќе ви бидат важни во животот…

Мудро бирајте ги работите кои ќе ви бидат важни во животот…

Овој живот е како лет со авион. Немаме контрола над полетувањето, немаме контрола над слетувањето, немаме контрола над турбуленциите, но имаме контрола врз она што ќе го правиме во временскиот период додека трае патувањето. Тоа е наш избор.

Можеме да избереме да ја критикуваме услугата, цените, екипажот или луѓето кои патуваат со нас. Можеме да одбереме да бидеме вознемирени од нивното однесување или изглед. Можеме да му дозволиме на стравот да владее со нашите мисли. А можеме и да одбереме да читаме добра книга, да разговараме со оној кој седи до нас, или едноставно да размислуваме за животот.

Тоа патување трае одредено време, исто како и во животот, а исто така имаме и ограничен број работи на кои одбираме да им даваме вредност, односно ограничен број места кои можеме да ги пополниме со работите кои ни се важни.

Кои се нашите приоритети во животот? Тоа се оние големи работи, кои навистина значат, кои се темелат на лични вредности, а не на материјални работи или постигнувања. Сите работи кои ги мислите или ги правите може да бидат пречка или поттик кон остварување на она што сакате да бидете.

Ако малите работи имаат моќ да нѐ вознемират, тогаш мораме да препознаеме дека малите работи се важни, иако можеме не го признаваме тоа. Ако не пронајдеме нешто што ни дава подлабока смисла, постојано ќе се грижиме за незначајното и површното.

Како што старееме, би требало да бидеме позрели, а зрелоста значи дека ќе ги избираме работите кои ни значат. Зрелоста се случува кога ќе научиме да се грижиме за она што вреди да се грижиме. За сѐ останато не би ни требало да ни биде грижа.

Мудро избирајте за што ќе се грижите и што ќе ви биде важно!