понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 145
home Живот и стил

Мудра порака од Буда: Како да реагирате кога некој ќе ве навреди?

Мудра порака од Буда: Како да реагирате кога некој ќе ве навреди?

Секоја личност има позитивни и негативни аспекти во својот живот. Животот подразбира наоѓање баланс помеѓу она кое можеме да го контролираме и она кое не можеме. На пример, ние не можеме да го контролираме начинот на кој луѓето ќе се однесуваат кон нас, ниту пак ситуациите во кои ќе се најдеме.

Не можеме да контролираме сè што во одреден момент ќе ни се случи, но дефинитивно можеме да ја контролираме нашата реакција во дадени ситуации. Сè во животот има позитивни и негативни аспекти, а нашата улога е да се спознаеме себеси најдобро што можеме и да имаме свесност за нашите реакции. Токму тоа ни го покажува и оваа кратка приказна со Буда.

Буда рекол: „Еднаш поминував низ шума и една гранка од дрво падна врз мене. Што мислите? Треба ли да ја казнам таа гранка бидејќи ме повредила и ранила?“

Една личност му одговорила: „Нема смисла да ја казнуваш гранката, бидејќи таа немала желба да те повреди, ниту пак желба да падне врз тебе. Тоа е само природна несреќа која ти се случила под дрво.“

Буда продолжил: „Ако некој ме навреди, тогаш го прави истото. Јас едноставно сум се нашол таму додека некој изобилувал со бес. Да не бев таму, таа личност би била лута на некој друг. Кога сте во рамнотежа со својата природа, вие станувате непробојни, станувате толку смирени во себе што никој нема да може да ве вознемири.“

 

ЕУРО 2020

Македонија