вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 65
home Живот и стил

Му роди бебе на својот брат: Не е чудно како што звучи, таа направи нешто прекрасно иако многумина ја осудуваат (ФОТО)

Му роди бебе на својот брат: Не е чудно како што звучи, таа направи нешто прекрасно иако многумина ја осудуваат (ФОТО)

Шапел Купер (27), Британка од Далсон, неодамна станала мајка. Меѓутоа, детето не е нејзино и цел свет зборува за овој случај.

Имено, Шапел во петокот родила девојче по име Харпер Елизабет Смит, а иако Шапел ја донела на свет, таа не ѝ е мајка, туку тетка.

За тоа како е возможно такво нешто, Шапел објаснила на Фејсбук.

Шапел веќе има девојче, а нејзиниот брат Скот Стивенсон и неговиот партнер Мајкл Смит очајно посакувале да станат родители. Шапел сфатила дека Мајкл тешко ќе најде жена на која доволно ќе ѝ верува за да ѝ ја довери улогата на мајка, и решила на својот брат да му подари дете.

Па така, нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на Мајкл.

Тие тројца велат дека од почеток ќе бидат искрени со девојчето и ќе му кажат кој всушност го донел на свет, како и дека тетка Шапел има важна улога во животот на ова бебе.

Целиот случај го кренал англискиот народ на нозе, особено поради фактот што Шапел и Мајкл се брат и сестра. Сепак, тие тројца тврдат дека не гледаат ништо чудно во овој потег и дека повторно би го направиле истото.