четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 137
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Живот и стил

Можете да имате коронавирус, а да добиете негативен тест – доктор открива како е можно тоа?!

Можете да имате коронавирус, а да добиете негативен тест – доктор открива како е можно тоа?!

Многу работи околу коронавирусот изненадуваат од ден во ден, а посебно се шокантни сознанијата дека едно лице може два или повеќе пати да се зарази, но и дека пациент може да има коронавирус, а на сите тестови неговите резултати да се нагативни.

-Тестовите имаат свои ограничувања. Ако зборуваме за ПЦР тест, тој е многу веродостоен тест кој открива дали е присутен вирусот. Кај некој може да се случи вирусот да биде во белите дробови и да предизвика тешки тегоби, да има потреба за респиратор, но да има негативни резултати на коронавирус. Суштината е, ако е клиничката слика јасна тогаш тестот се повторува, објаснил српскиот доктор Јанковиќ.

Додал дека лажно негативен тест може да се случи и при крај на инфекцијата.

-Се случува да дојде до ново избувнување на вирусот кој повторно ќе се намножи. Има случаи некој да прележал коронавирус на пролет, па повторно да заболел. Не знаеме дали е нова инфекција, но можно е, важно е со колкава зачестеност се случува тоа, повеќето развиваат имунитет, рекол докторот.

Кога станува збор за тестовите на антитела, Јанковиќ објаснил дека ако тестот ИГГ е позитивен, значи дека лицето претходно било позитивно на коронавирус и дека го прележало.

-Ако тестот ИГГ е позитивен тоа значи дека станува збор за активна инфекција,  напоменува Јанковиќ и додал дека е многу важно луѓето на време да се јават на лекар.

Коронавирус