среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 3
home Живот и стил

Мора да ги знаете овие трикови: Со нив ќе кажете “збогум“ на несоницата

Мора да ги знаете овие трикови: Со нив ќе кажете “збогум“ на несоницата

Нецелосниот сон или неговиот лош квалитет може да имаат многу сериозни последици по човекот. Многу истражувања покажале дека лошиот сон има негативно влијание на работната способност и вниманието.

Проблемот со сонот и неможноста да заспиете претставуваат стрес за организмот, што дополнително го загрозува вашиот сон, но и потребниот одмор кој е неопходен за исцрпениот организам.

Во желбата да заспиете може да минете и неколку часа. Не знаете зошто, кога ќе легнете, не ви се спие, и зошто вашиот мозок е уморен, иако сте физички уморни.

Меѓутоа, постојат начини да си помогнете себеси и да добиете енергија за наредниот ден.

Воспоставете рутина

Доколку сакате сонот да ви биде редовен, треба да воспоставите рутина во спиењето, која подразбира одење во кревет на време. Тоа ќе го постигнете така што ќе се натерате секоја вечер да одите на спиење во исто време.

Добрата вечерна рутина ќе се стави во расположение да очекувате сон и одмор, а распоредот на активности е таков што, на крајот од денот, ќе се радувате. Рутината може да биде подолга или кратка, но важно е да биде константна и да подразбира дека секогаш легнувате во исто време, како и да станувате во исто време.

Немојте да лежите без потреба

Ако не можете долго да заспиете, станете и работите нешто што не бара премногу физички или психички труд. Обидете се, на пример, да читате или да пишувате, да слушате музика…

Избегнувајте кафе, чај, цигари и тешка храна

Стимулансите како кофеин и никотин нема да ви помогнат да заспиете. Самиот оброк доцна навечер не е многу лоша работа, но би требало да избегнувате храна која ќе ви легне тешко и поради која ќе се чувствувате непријатно. Но, не одете во кревет ни гладни, бидејќи ни тоа нема да ви помогне да заспиете.

Разладете го просторот во кој спиете

Бројни научни истражувања покажале дека постои идеална температура за спиење и дека таа е необично ниска, околу 18 степени Целзиусови. Тоа не значи дека треба да се смрзнувате, но пожелно е да не се прегревате во кревет и секогаш да спиете во проветрена просторија.

Тренирајте порано

Многу доцните тренинзи го прават спротивното од тоа што сакате да го постигнете. Обидете се тренингот да го имате порано во текот на денот за телото да се опушти.

Овие совети не гарантираат дека ќе успеете да заспиете. Ако мислите дека постои некој подлабок проблем, најдобро е да посетите лекар.