недела, 11. април 2021. Вести денес: 57
home Живот и стил

МОРА ЧЕСТО ДА ЈА ПЕРЕТЕ ОБЛЕКАТА: Новата студија открива колку долго преживува коронавирусот на ткаенини

МОРА ЧЕСТО ДА ЈА ПЕРЕТЕ ОБЛЕКАТА: Новата студија открива колку долго преживува коронавирусот на ткаенини

Нова студија открива дека вирусот што предизвикува Ковид-19 може да преживее на ткаенини, како што се облека, завеси, теписи или тапацир, до три дена, објави Њујорк пост.

Меѓу полиестерските, полу-памучни ткаенини и 100 отсто памучни ткаенини, полиестерот претставува најголем ризик – над 72 часа; на целосно памучни ткива, вирусот останува еден ден, а на полу-памучното ткаенини останува загадено со капки од вирус само шест часа.

-Откритието би можело да биде особено опасно кога станува збор за облеката што ја носат здравствените работници, рече д-р Кејти Лаирд, микробиолог и авторка на студијата.

-Ако не се перат често, ткаенината може да помогне во пренесувањето на вирусот од пациент на пациент.

-Кога изби пандемијата, имаше малку знаење за тоа колку коронавирусот може да преживее на текстил, рече д-р Лаирд, водечки истражувач за инфективни болести на универзитетот Де Монтфорт во Лестер, Велика Британија.

-Нашите откритија покажуваат дека три од најчесто користените текстили во здравството претставуваат ризик од пренесување на вирусот, рече таа во интервју за универзитетската веб-страница. – Ако медицинските сестри и здравствените работници ја носат својата медицинска облека дома, тие можат да остават траги од вирусот на други површини.

Што се однесува до чистењето на вирусот од ткенините, истражувачите откриле дека се потребни сапун и многу топла вода – најмалку 67 степени Целзиусови за ефикасно 100 процентно чистење на памучната крпа што обично ја користи медицинскиот персонал.

-Оваа студија ја потврди нашата препорака целата здравствена облека да се испере на самото место во болниците или во пунктови за хемиско чистење, рече Лаирд. (МИА)

Коронавирус