сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 52
home Живот и стил

Моќна порака: И на силните жени понекогаш им е потребен одмор

Моќна порака: И на силните жени понекогаш им е потребен одмор

Кога другите те гледаат како силна жена, тие мислат дека не ти е потребно ништо и дека не ти е потребен никој, дека можеш да се носиш со сѐ и да се издигнеш над секоја ситуација. Мислат дека не ти е потребен некој да те сослуша, да се грижи за тебе, да ти угодува.

Кога те доживуваат како силна жена, очекуваат дека ти ќе им ги решиш проблемите. Тие доаѓаат кај тебе, ти се обраќаат на тебе, а мислат дека ти немаш потреба да се обратиш некому.

Никој не ја прашува силната жена дали е уморна, дали пати или не успева во животот, дали има стравови или грижи. Важно им е дека таа е секогаш тука за нив, светилник во магла, остров среде море.

На силната жена не ѝ се простува. Ако изгуби контрола, таа станува слаба во нивните очи. Ако се изнервира, ќе речат дека е хистерична.

Но, никого не го интересира колку енергија е потребно за секојдневно да бидеш таа, силна жена.

Почитувајте ги силните жени во вашите животи, уважете ги, поддржувајте ги, затоа што и на нив им е потребно да бидат сослушани, сакани и да имаат некој да се грижи за нив.

И на нив понекогаш им е потребен одмор.

Коронавирус