недела, 18. април 2021. Вести денес: 91
home Живот и стил

Моќна фотографија која расплакува: Во овој поглед владее тивкото страдање за украденото детство

На лицето на девојчето може да се прочита тивкото страдање на милиони деца во кризните земји во светот.
Моќна фотографија која расплакува: Во овој поглед владее тивкото страдање за украденото детство

Ова е дефинитивно УНИЦЕФ-фотографијата на годината.

На неа е прикажана 5-годишната Захра, девојче од Сирија кое заедно со родителите избегало во камп во Јордан.

-На лицето на девојчето може да се прочита тивкото страдање на милиони деца во кризните земји во светот. Нејзиниот лик е олицетворение на украденото детство на цела генерација сириски деца, беше речено на доделувањето на наградата за најдобра фотографија.

Моментот со својот фотоапарат го има уловено двократниот добитник на Пулицеровата награда, Мухамед Мухеисен, кој известува од Блискиот Исток, Авганистан и Пакистан.

Коронавирус