петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 85
home Живот и стил

Моден детаљ кој се врати: Шнолите од 90-тите повторно се хит

Моден детаљ кој се врати: Шнолите од 90-тите повторно се хит

Шнолите, кои беа хит во 90-тите години, доживуваат голем камбек на модната сцена.

Во соседството, овој моден хит го врати Јелена Карлеуша, за кој беше критикувана дека премногу чини една шнола.

Но, кога статува збор за модата Карлеуша не штеди ни паричка.

Имено, модни куќи како Версаче, Гучи и Диор ги вклучија во своите колекции со модни додатоци, а славните дами и блогерките си набавија разни верзии кои умешно ги вклопуваат во нивните секојдневни аутфити.

Повеќе не се обидувајте да ги сокриете, изберете и оставете впечаток со бисерни или метални шнолички.