сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 129
home Живот и стил

Многу поучна приказна: Замислете дека вашата болка е сол…

Многу поучна приказна: Замислете дека вашата болка е сол…

Еднаш еден несреќен млад човек го посетил стариот учител и му рекол дека има многу проблеми во животот, па го прашал за совет.

Стариот учител му рекол да стави шака сол во чаша вода и да ја испие.

Како ти се допаѓа водата?“ – го прашал учителот.

Грозна е“, одговорил младиот човек.

Учителот се насмеал, а потоа му рекол на младиот да земе уште една шака сол и да ја стави во езеро. Тие се движеле во тишина до езерото во близина и кога пристигнале, ученикот ја фрлил солта во него.

Сега испиј малку вода од езерото“, му рекол учителот.

Додека тој ја пиел водата, учителот го прашал: „Како ти се допаѓа?“

Добра е“, одговорил младиот.

Има ли вкус на сол?“ – повторно прашал учителот.

Не“, рекол младиот.

Учителот седнал покрај напатениот млад човек, ја земал неговата рака и му рекол:

Болката во животот е оваа сол, ни помалку, ни повеќе. Количината на болката во животот секогаш останува иста, потполно иста. Но, чувството за болка кое ние го доживуваме зависи од садот во кој ја сместуваме. Токму затоа, кога ќе те боли, единствено нешто што можеш да направиш е да го прошириш своето чувство за овие нешта. Престани да бидеш чаша. Стани езеро.

Коронавирус