петок, 6. декември 2019. Вести денес: 97
home Живот и стил

Многу боли, но не е опасно: Што (не)треба да правите кога ќе ве “бакне“ медуза?

Многу боли, но не е опасно: Што (не)треба да правите кога ќе ве “бакне“ медуза?

Се надеваме дека медузата нема летувањето да ви го направи незаборавно, но еве што да (не) правите ако сепак тоа се случи.

Медузите се такви што нивното присуство во водата најчесто и не го забележуваме, се додека не го почувствуваме, односно додека не почне да пече.

Она што веднаш би требало да го знаете е дека изгорениците од медуза не се опасни, но дека се непријатни тоа е вистина. Овие изгореници можете да ги третирате сами, но во случај да е опечена поголема површина од површината на раширена дланка, најдобро е да посетите лекар.

Еве што да правите кога ќе ве „бакне“ медузата:

Измијте ја изгореницата со морска вода или оцет. Никако не ја мијте со топла или слатка вода затоа што повторно може да активира жаришта на медузата кои се задржале на вашата кожа. Освен миењето со оцет или морска вода во траењето од околу половина минута, како прва помош може да ви послужи и сода бикарбона.

Кога со морска вода или оцет сте ги отстраниле жарниците на медузата, се препорачува на местото, доколку сте во можност, неколку минути да ставите мраз.

Уште некои од опциите се местото да го истриете со домат пресечен на половина, ако ви е при рака. Помага и сок од домати, лимон, а некои твдат и дека помага урината.

За оние кои не сакаат да ги испробаат овие „домашни лекови“, изгорениците од медуза по остранувањето на жарниците можат да се третираат и со креми кои содржат антихистаминици или аналгетици.