петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 118
home Живот и стил

Мистериозната смрт на Ромео и Јулија од Инстаграм е важна опомена за сите корисници на социјални мрежи (ФОТО)

Мистериозната смрт на Ромео и Јулија од Инстаграм е важна опомена за сите корисници на социјални мрежи (ФОТО)

Убави, заљубени, вистински совршен пар со илјадници следбеници на Инстаграм… тоа се Мишел Авил и Кристијан Кент на кого им се дивеа сите, но само на кратко.

Парот на 14 октомври е пронајден мртов, а прегрнатите тела биле пронајдени во домот на Мишел, таа имаше 23 години, додека тој 20 години.

 

View this post on Instagram

 

Just hangin out wearin @sabre_eyewear ?with @kentdothat || shot by @madisonxhooper

A post shared by Michelle △ Avila (@_michelleavila_) on

Двајцата сакале сурфање, а секој момент од нивниот љубовен живот го споделуваа на својот Инстаграм профил со следбениците.

По трагедијата која се случи се откри дека нивниот живот сепак не изгледал совршено…

 

View this post on Instagram

 

Missing those summer days with @kentdothat ♥️? 35 mm shot taken by @madisonxhooper

A post shared by Michelle △ Avila (@_michelleavila_) on

Кобната вечер Мишел се вратила од забава, им посакала добра ноќ на своите родители и заминала да спие. Таа дури и му го подготвила оделото на Авил кое требало да го облече за на работа следното утро.

Но, мајката на Мишел следното утро ги пронашла мртви, таткото на девојката тврди дека неговата ќерка не пиела алкохол, бидејќи пиела антибиотици. Со месеци претходно никој не се сомневал дека тие користеле дрога.

Резултатите од обдукциите се уште се чекаат, но полицијата потврди дека најверојатно се работи за предозираност.

Таткото на девојката по нејзината смрт ја претресол целата соба, но не нашол ништо сомнително.

 

View this post on Instagram

 

Film from the 4th of July with good company ?? / taken by @madisonxhooper

A post shared by Michelle △ Avila (@_michelleavila_) on

-Двајцата се преубави. Беа како Ромео и Јулија. Умреа цврсто прегрнати, вели таткото на Мишел.

Мишел била одличен студен и се надевала да стане новинар, во меѓувреме работела како модел, а поради тоа последните години патувала низ целиот свет, додека нејзиното момче Кристијан бил сурфер.

Коронавирус