четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 34
home Живот и стил

Мислите дека мачките не покажуваат љубов како кучињата? Не сте во право!

Мислите дека мачките не покажуваат љубов како кучињата? Не сте во право!

Секој мисли дека кучињата се топли во покажувањето на љубовта кон луѓето, а мачките се ладни и воздржани.  Истражувањата покажаа дека крзнените убавици се приврзани подеднакво на нивните сопственици, па дури и повеќе од кучињата.

За мачките се зборува лошо: тие не сакаат да се галат, го избегнуваат сопственикот, нервозно мавтаат со опашот во присуство на сопственикот и слично. Д-р Кристин Витале од Универзитетот во Орегон спроведе обемно истражување во кое заклучи дека мачките кои се под стрес се кријат од сопствениците, но повеќето мачки го прават спротивното – тие бараат заштита од сопствениците.

Истражувачите смислиле  тест во три дела за тоа како се чувствуваат безбедни мачките и кучињата. На првиот тест, мачката била сместена во нова просторија, во која подоцна влегол сопственикот. Повеќето мачки се радуваат на сопственикот, наидуваат на прегратка и потоа тргнуваат да ја истражуваат просторијата. Сепак, некои мачки не одговориле на сопственикот.

Две третини од мачките бараат од сопствениците да ги заштитат, а останатите не. Од 70-те тестирани мачки, две третини лесно толерирале стрес, додека една третина не, затоа што не биле емотивно врзани за сопственикот.

– Истражувањата докажаа колку е важно сопственикот емотивно да се поврзе со мачката, а тоа се прави во најраната возраст на миленичето.

Врзувањето за домашно милениче трае до првата година.

Коронавирус