сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 59
home Живот и стил

Милијарда млади луѓе во опасност да го загубат слухот поради гласна музика

Милијарда млади луѓе во опасност да го загубат слухот поради гласна музика

Адолесцентите сакаат да слушаат гласна, па дури и прегласна музика и поради тоа околу една милијарда млади луѓе се во опасност да го загубат слухот, предупреди Светската здравствена организација.

СЗО истакнува дека речиси половина од младите помеѓу 12 и 35 години секојдневно слушаат музика на мобилните телефони, додека околу 40 отсто од тинејџерите се изложени на премногу бучна музика во клубовите и кафулињата.

Мобилниот телефон оптимално овозможува јачина помеѓу 75 и 136 децибели, а истражувањата покажуваат дека младите ги слушаат омилените песни на јачина од 75 до 105 децибели. Во ноќните клубови нивото на бучава е од 104 до 112 децибели.

-Се обидуваме да ја подигнеме свеста на младите во врска со прашањето за кое не се зборува многу и чии последици се многу штетни. Мораме да им укажеме на возрасните да ги одвратат тинејџерите од слушање гласна музика, истакна директорот на СЗО за превенција на повреди, д-р Ејтен Круг. (МИА)

Коронавирус