сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 35
home Живот и стил

Медот може сериозно да им наштети на овие луѓе

Медот може сериозно да им наштети на овие луѓе

Медот е една од намирниците која често се наоѓа во бројните домашни рецепти за нега. „Златниот нектар“ благотворно делува врз организмот, штити од настинки, го зајакнува имунитетот, го помага варењето, но дали е паметно да се нанесува на лицето?

Медот често се користи во маските за лице бидејќи ја хидрира кожата. Медот и неговите деривати – саќето и прополисот – навистина широко се користат во козметиката и нудат помош за сувата и оштетена кожа. Меѓутоа, постои еден проблем – оваа намирница се смета за алерген поради што не се препорачува на сите.

„Медот е контраиндициран за астматичарите и тие никако не смеат да го користат во превенција од настинки и други воспалителни процеси“, објаснува руската козметичарка Венера Кајрединова.

„Надворешната употреба на медот не е ништо помалку безбедна – секако, ако зборуваме за природната козметика или домашните рецепти. Нанесувањето на кожата може да доведе до сериозни алергии, дури и ако претходно не сте ги имале. Црвени флеки, перутање и осип се некои од проблемите кои медот може да ги предизвика, што е знак дека секако треба да се откажете од третманот“, додава таа.

Коронавирус