недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Медицинско или божјо чудо: Се роди здраво бебе од мајка која четири месеци била клинички мртва

Медицинско или божјо чудо: Се роди здраво бебе од мајка која четири месеци била клинички мртва

Чешките доктори од клиниката во Брно направија вистински подвиг, кога се роди девојче од мајка на која уште во април и била дијагностицирана мозочна смрт.

Кога со хеликоптер во болницата во Брно била донесена 27- годишна жена во 15-та недела од бременоста, која претрпела мозочен удар, докторите не давале големи шанси на мајката, ниту на бебето.

Сепак, на 15-ти август, спротивно на  сите прогнози, се роди бебе со тежина од 2,13 килограми и должина од 42 сантиметри со царски рез, со што е поставен нов рекорд за оваа постапка, објави  универзитетската болница во Брно.

Од таму известија дека 117 дена ја одржувале жената во живот – процес полн со потенцијални компликации и веројатно бил поставен рекорд за најдолготрајна вештачка бременост на мајка чиј мозок бил мртов.

Мајката, чиј идентитет не беше откриен, починала веднаш откако била донесена во болница, а лекарите веднаш почнале да се борат за да го спасат нејзиното дете.

Тие ја ставиле 27-годишна жена на вештачки систем за поддршка за  да ја зачуваат бременоста, па дури и редовно да ги поместува нозете за да му помогнат на растот на нејзиното бебе преку симулација на одење.

Откако се породила во 34-та недела од бременоста, со сопругот и другите членови на семејството, медицинскиот персонал го запрел системот за поддршка на животот и тие дозволија жената навистина да умре.

-Навистина беше исклучителен случај како целото семејство беше заедно, без нивна поддршка и нивниот интерес никогаш немаше да заврши вака, изјави пред новинарите Павел Вентруба, шеф на одделот за гинекологија и акушерство во болницата.