среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 7
home Живот и стил

Мажите сакаат црвено и природно

Мажите сакаат црвено и природно

Секоја жена барем еднаш се прашала што најмногу ги привлекува мажите кај понежниот пол. Одговорот на ова прашање го дава Миџ Вилсон, професорка по психологија на универзитет во Чикаго.

Таа тврди дека секој пат кога мажот ќе ја одмери жената од галава до пети, односно ако му се допаднат нејзината половина и колкови, несвесно помислува дека таа би била идеална да му роди дете.

Но, во предвид се земаат и неколку други фактори. Убава и долга коса исто така го привлекува посилниот пол бидејќи се смета дека е знак на здравје и плодност.

Мажите ги остава без здив и спонтаната женска насмевка. Жените со помалку шминка на себе и природен изглез се попривлечни за мажите.

Кога станува збор за боите, црвената е фатална за мажите.