петок, 14. мај 2021. Вести денес: 87
home Живот и стил

Маж и жена изгубиле вкупно 190 килограми: После 7 години обидување, конечно добиле бебе (ФОТО)

Маж и жена изгубиле вкупно 190 килограми: После 7 години обидување, конечно добиле бебе (ФОТО)

Маж и жена изгубиле вкупно 190 килограми за да можат да имаат дете по 7 години обидување.

Дастин и Ракел со години сакале да станат родители, но секој обид бил неуспешен. Кога лекарите откриле дека слабеењето многу ќе помогне, парот решил да стори се што е во нивна моќ. Дастин успеа да изгуби дури 140 килограми, а неговата сопруга 50 килограми.

Ракел исто така страдала од синдром на полицистични јајници, состојба што им отежнува на жените да забременат.

Како успеале да ослабат?

Во 2016 година, Дастин започнал диета богата со протеини и малку јаглени хидрати.

Во првите две и пол години тој успела да изгуби тежина од 215 кг на 98, а Ракел ослабела од 133 кг на 82 кг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUSTY (@dusty_lost_300lbs)

Во април 2020 година, Ракел дознала дека е бремена.

– Нашата тежина не спречуваше да имаме деца за многу години. Драго ми е што изгубив толку многу, не би можел да бидам активен татко ако сè уште имам над двесте килограми – изјави Дастин за Дејли стар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUSTY (@dusty_lost_300lbs)

– Седум години се обидувавме да имаме бебе. Не можев да верувам кога видов две цртки на тестот за бременост – додаде Ракел.

Брачната двојка го одржува својот изглед со заедничко пешачење и редовно одење во теретана наместо да оди во ресторан.

– Бев навистина многу неодговорен. Јас обично внесував околу 14.000 калории на ден. Постојано јадев брза храна и пиев неколку литри газиран сок секој ден – призна Дастин.

Коронавирус