недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Живот и стил

Мал прирачник за однесувањето на мажите!

Мал прирачник за однесувањето на мажите!

Мажите дефинитивно поинаку размислуваат и функционираат од жените, па не треба да не чуди тоа што повремено доаѓа до несогласувања во врската. Ви претставуваме 4 модели на типично машко однесување кое ќе ви помогне полесно да го разбирате вашиот партнер и да избегнете непотребни расправи околу неважни работи.

Не го малтретирајте додека работи

Повеќето жени можат без проблем истовремено да телефонираат, да готват и да перат садови, додека пак за мажите е научно докажано дека кога прават нешто можат да се концентрираат само на една работа. Немојте да му пречите додека прави нешто, затоа што само ќе го изнервирате, па можеби ќе биде груб. Ќе сфатите дека и тој, додека не ја заврши работата, нема да биде подготвен да зборува за тоа каде ќе одите за викендот, ниту пак што да и купите на ќерка ви за роденден.

Не инсистирајте да ве гледа во очи

Нешто ве мачи и сакате да го споделите тоа со партнерот. Меѓутоа, наместо да ве слуша, тој се шета и гледа насекаде освен во вас. Вие станувате нервозни, затоа што ви се чини дека не ве слуша и така почнува кавгата. Ова е класично сценарио во животот на секој пар. Зошто тој се однесува така? Мажите стануваат нервозни кога во текот на разговорот ги гледате право во очи. Не е дека тој не ве слуша, туку нему е попријатно да ве слуша додека седи покрај вас или додека се шета низ станот. Затоа не му префрлајте затоа што не ве гледа во очи, затоа што тоа не значи дека не ве слуша.

Не го присилувајте да зборува за своите чувства

Не му замерајте на партнерот што не зборува за своите чувства. Тоа не значи дека ги нема, туку дека тој едноставно не знае како да ги искаже. Тука многу се разликувате. Жените во просек изговараат 25000 зборови дневно, додека пак мажите 12.000, а врската помеѓу центрите за чувства и центрите за говор во мозокот на мажот е за 40% помалку развиена отколку кај жените. Поради тоа, мажите немаат потреба секоја своја мисла да ја изразуваат гласно, туку во говорот се ограничуваат строго само на тоа што сметаат дека е важно.

Не очекувајте секогаш да добиете извинување

Сите грешиме, а понекогаш мораме да признаеме дека не сме биле во право. На жените многу им е важно мажот да се извини, додека тој често едноставно не може да го изговори тој магичен збор „извини“. Психолозите велат дека тоа е поради високото ниво на тестостерон и улогата која мажите ја имаат во општеството. Тоа не значи дека тие не се свесни за своите грешки, туку дека извинувањето полесно го покажуваат со говорот на телото. Доколку е свесен дека погрешил, вашиот партнер ќе биде понесигурен од обично.