вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Живот и стил

Мајка на три деца дознала дека го победила ракот, а истиот ден врескаше од среќа поради друга вест

Мајка на три деца дознала дека го победила ракот, а истиот ден врескаше од среќа поради друга вест

Лејн Пирс (55) работи во перална за облека и е мајка на три деца, а неодамна најверојатно го имала најсреќниот ден во својот живот.

Британскиот „The Sun“, пишува дека Пирс била во својот дом кога го отворила писмото. Истото носело информалција дека повеќе нема рак на дојката. По десет минути, дошол нејзиниот сопруг Давид, радосно врескал дека освоиле половина милион фунти на лотарија.

-Не можам да ви кажам што кажав, беше многу непристојно бидејќи бев во тотален шок. Се тресев и немав зборови, што ретко се случува. Влегов во бањата и си направив купка, лежав два часа обидувајќи се да процесирам што се случи, рекла Лејн.

Давид го проверил ливчето лотарија и сфатил дека има еден од добитните кодови за „EuroMillions Millionaire Maker“.

-Отидов дома да и кажам на Лејн, но таа веќе имаше големи вести. Писмото кое вели дека е здрава вреди повеќе од милион , рекол сопругот.

На Лејн и бил дијагностициран ран на дојката во 2015-та година, а пред последниот преглед, поминала низ многу третмани. Сега го победила ракот, а парот има план да одат на голем годишен одмор, каде ќе ја прослават и годишнината од бракот.