сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Живот и стил

Луѓето од оваа професија имаат најбогат сексуален живот, нема шанси да погодите за кого станува збор

Луѓето од оваа професија имаат најбогат сексуален живот, нема шанси да погодите за кого станува збор

Истражувачите се позанимавале со откривањето на врската помеѓу сексуалниот живот и изборот на кариерата, а резултатите покажале кои професии имаат најбогат и најсиромашен сексуален живот.

Во истражувањето учествувале 2.000 мажи и жени, а резултатите покажале дека најмногу секс имаат земјоделците!

Дури 33% од нив изјавиле дека имаат секс најмалку еднаш дневно.

На второто место се нашле архитектите, од кои 21% имаат секс еднаш дневно. Трети се фризерите со 17%, а после нив се нашле маркетинг агентите, адвокатите и учителите. Новинарите на оваа листа се нашле со податокот дека имаат секс само еднаш месечно.

Од друга страна пак, адвокатите се многу тешки за задоволување, па 27% од нив признале дека глумат оргазам за време на секој однос.

-Во секоја професија постои одредена сличност, но важно е да се земе предвид постоењето на индивидуалните разлики кои влијаат на сексуалноста. Ние очекувавме дека ќе постојат некои трендови, како што е количината на физичка активност кај фармерите за разлика од некој кој се бави со канцелариска работа, што влијаат на количината на енергија и сила. Влијанието на нашите активности се чувствува и на начинот на живот и навиките, но и на сексуалниот живот, изјавила Кет Мојл, една од истражувачите.