понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 130
home Живот и стил

Љубовта од мајката може да ја промени судбината на детето – поучна приказна!

Љубовта од мајката може да ја промени судбината на детето – поучна приказна!

Еден ден Томас Едисон се вратил дома и ѝ дал еден лист хартија на неговата мајка, па ѝ рекол: „Мојот учител ми го даде овој лист хартија и ми рече да ѝ го дадам само на мојата мајка“.

Очите на неговата мајка се наполниле со солзи како што таа го читала гласно писмото пред својот син:

„Вашиот син е гениј. Ова училиште е премногу мало за него и нема доволно добри учители за да го подучуваат. Ве молиме да го учите самите вие.“

Многу години по смртта на мајката на Едисон, тој станал еден од најголемите изумители на векот. Еден ден тој пребарувал низ старите шкафови и го пронашол писмото што пред многу години му го дал неговиот учител за неговата мајка, па го отворил.

Во писмото пишувало: „Вашиот син е ментално болен. Ние не можеме да дозволиме повеќе да го посетува нашето училиште. Тој е избркан.“

Едисон бил преплавен од емоции додека го читал ова, па потоа запишал во својот дневник: „Томас Алва Едисон бил ментално болно дете чијашто мајка го претворила во гениј на векот.“

Поука: Љубовта и образованието добиени од мајката може да ја променат судбината на нејзиното дете!

Коронавирус