сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 106
home Живот и стил

Љубовната приказна на оваа четворка ќе ве остави без зборови

Љубовната приказна на оваа четворка ќе ве остави без зборови

Оваа ситуација може на некого да му звучи како кич љубовен филм, но за четворица млади луѓе таа е реалност.

Еднојајчани близнаци ќе ги оженат своите дев ојки кои исто така се еднојајчани близначки. На заедничка церемонија, откако истовремено ги запросиле.

Џош и Џереми Салејрс ги запознале Британи и Бријана Дин во 2017 година на Фестивалот за близнаци во еден град во Охајо. Браќата имаат 34, а сестрите 31 година. Велат привлечноста која се појавила била моментална и паровите набрзо се „смувале“.

Британи ги забележала двајцата браќа од далеку и веднаш и рекла на својата сестра дека ги видела најзгодните машки близнаци. Следниот ден сестрите се сретнале со Џош и Џереми во ходникот на хотелот каде биле сместени.

Веднаш започнале да разговараат за животот на еднојајчаните близнаци.

Секој од нив почувствувал привлечност кон својот иден партнер: Џош кон Британи, додека Бријана моментот го опишала како еден од најмагичните во кој се се одвива забавено, како на филм.

Интересно е што близнаците завршиле заедно и според тоа кој е постар, па така Џереми и Бријана кои се родени први се едниот пар, а Џош и Британи кои се второродени се другиот пар.

Освен тоа, Џош тврдел дека тој и неговиот брат никогаш немало да се оженат ако тоа не го сторат со близначки. Момците ги запросиле девојките, снимајќи документарен филм. Секако носеле идентична облека, а двојната венчавка ќе биде одржана во август.

Коронавирус