вторник, 26. март 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Лекција за бонтон: Дали треба да се соблечат чевлите кога се оди на гости?

Лекција за бонтон: Дали треба да се соблечат чевлите кога се оди на гости?

Доаѓате на забава или вечера со пријателите во елегантен фустан и соодветни рафинирани чевли – а на домаќините им е поважен чистиот под отколку вашата модна ревија. Дали навистина треба да ги собуете чевлите ако домаќинот го побара тоа од вас?

Експертите за бонтон велат – ДА! Право на секој домаќин е да одлучи како другите ќе се однесуваат спрема неговиот паркет или килим. Ако сте дошле да поминете убава вечер со пријателите, не треба да ви пречи да ги собуете чевлите, односно удобното тапкање во чорапи или влечки.

Од друга страна, ако станува збор за вечера или некоја посвечена пригода, ретко кој ќе се чувствува пријатно во чорапи, а веројатно и домаќинот ќе направи сè за неговите гости да се чувствуваат добро. И, се разбира, ќе ви даде можност да блеснете во полн сјај – од глава до петици!