вторник, 20. август 2019. Вести денес: 108
home Живот и стил

Лекции за животот од стогодишен старец

Лекции за животот од стогодишен старец

Животот на Енди Андерсон бил полн со подеми и падови. Тој живеел живот полн со љубов, брак кој траел 67 години и забави за кои неговите внуци велат дека биле луди, судејќи по сликите.

Тој проживеал прекрасен живот, полн со смеа и радост, но и со предизвици. Со текот на годините се здобил со одредена мудрост која ја споделил со своите внуци. Прочитајте дел од неговите животни совети, кои сигурно ќе ве замислат.

1 . Секогаш имај добра смисла за хумор.
2. Никогаш немој да мислиш дека си премногу добар за да почнеш од дното.
3. Вежбај секој ден, дури и кога не ти се вежба.
4. Не троши повеќе пари отколку што заработуваш.
5. Секој ден пиј сок од портокал.
6. Љубовта на прв поглед не е бајка.
7. Подобро да имаш лоша работа, отколку да немаш никаква работа.
8. Немој да ја фрлаш храната.
9. Семејството е највредната работа којашто некогаш ќе ја имаш во животот.
10. Јади по еден колбас на ден – тоа супер ми одеше на мене.
11. Твојот живот е нежен и ако се запоставиш, ќе се расипеш. На тоа ме научи сирењето.
12. Немој да се плашиш да бидеш верен на себеси.
13. Секој човек има премногу облека. Носи го тоа што го имаш и престани да купуваш.
14. Мораш да научиш да простуваш, дури и кога тоа е претешко за тебе.
15. Заштеди пари сега и потроши ги подоцна.
16. Љубовта не е секогаш лесна, понекогаш мораш да вложиш многу труд.
17. Најди нешто смешно во секоја ситуација.
18. Ако се соочуваш со проблем, немој да го одложуваш додека мислиш што да правиш. Но, ако не можеш да најдеш решение, едноставно заборави и продолжи понатаму.
19. Осигурај се дека го правиш тоа што го сакаш. Не се плаши да си ги следиш соништата кои ги имаш за себе.
20. Образованието е важно, но не и неопходно. Животот сам по себе може да биде образование.
21. Истражувај го својот свет и биди љубопитен.
22. Не се сфаќај себеси премногу сериозно.
23. Моето целосно име е Вилијам Брадфорд Џејмс Андерсон и моите иницијали секогаш ме потсеќаат да се запрашам себеси: „Зошто да бидам било кој?“ (Why be just anybody?)
24. Секогаш имај разум. Секогаш барај го најразумниот одговор за секоја ситуација.
25. Животот е подарок кој мораш да го отвориш. Ти треба да решиш дали тоа што е внатре ќе те води до среќа или мизерија. Ти ја имаш моќта да ја донесеш оваа одлука сам за себе.