сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 63
home Живот и стил

Лекарите препорачуваат утринско туширање, еве и зошто

Лекарите препорачуваат утринско туширање, еве и зошто

Туш наутро или долго вечерно капење – имате две опции, зарем не? Не, ако ги прашате експертите.

Повеќето лекари препорачуваат утринско туширање. Еве зошто:

 

Го намалува нивото на кортизол

Познат како хормон на стрес, кортизол е хормон кој го излачува надбубрежната жлезда. Во текот на денот, неговата концентрација во телото варира, но обично е највисока наутро помеѓу 7 и 9 часот. Но, стресот може да го зголеми неговото лашење, што често предизвикува вознемиреност.

 

Поттикнува креативност

Бројни медицински истражувања докажаа дека капењето, но и туширањето, може да ја стимулира креативноста. Затоа, ако страдате од креативна блокада или барате решение за вашите проблеми, обидете се да размислите за тоа додека се опуштате во  наутро во када.

 

Кожата ќе ви биде поубава

Исто како што утринското миење на лице убаво делува на кожата, така и утринското туширање ќе делува на кожата на телото. Ако секое утро се капете, а потоа се мачкате со хидратантен крем, разликата на кожата ќе ја забележите за неколку дена, но освен тоа ќе се чувствувате посвежо и поубаво.

 

Подобро ќе спиете

Ако мислите дека долга, релаксирачка бања пред спиење е најдоброто што можете да направите за мирен и опуштен сон, сте се измамиле.

„Температурата на телото природно се намалува кон крајот на денот и му сигнализира на телото дека е време за спиење. Бањата во тој случај има спротивен ефект и разбуденото тело ја зголемува температурата, па дури и може да биде пожелно да се избегне туширање најмалку еден час пред спиење,” вели специјалистот за спиење , д-р. Кристофер Винтер.

Коронавирус