недела, 27. септември 2020. Вести денес: 102
home Живот и стил

Лек на XXI век: Прополисот не делува само на бактериите, туку и на вирусите

Лек на XXI век: Прополисот не делува само на бактериите, туку и на вирусите

Прополисот е мешавина на смолести состојки (пупки или кора од дрвја), кои се лачат во текот на пролетта и летото, а ги собираат пчелите. Во просек, прополисот просечно содржи 55% смола и балзам, до 30% восок, околу 10% ароматично етерично масло и 5% поленов прав.

Во кошниците се соединуваат восокот и смолата со ситнење во устите на пчелите и на тој начин се добива прополис.

Со научните истражувања докажано е дека ефикасен е против вируси, габи и бактерии и е моќен антиоксиданс. Прополисот не дозволува габите и вируси да се размножуваат и така ги спречува болестите.

Прополисот е природен антибиотик и помага при превенција на сезонските болести. Покрај тоа што го зајакнува имунитетот, прополис помага и кога болеста веќе се појавила.

Ги олеснува симптомите на грипот и е ефикасен во лечења на кашлицата, воспалено грло, синуси или крајници. Кремот од прополис е одлично средство за лечење габни и бактериски инфекции на кожата.

За разлика од синтетичките антибиотици, прополисот не делува само на бактериите, туку и на вирусите, нема штетни ефекти, а и бактериите не создаваат отпорност на него.

Заради неговата широка употреба го нарекуваат лек на XXI век. Внимателност при употреба на прополис се препорачува единствено кај заболените од астма и алергија на полен кои пред користењето на прополисот би требало да се посоветуваат со лекар.

Коронавирус