вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 124
home Живот и стил

Краток, но многу моќен филм: За родителите на деца со аутизам и за тие кои не сфаќаат низ што поминуваат овие семејства

Краток, но многу моќен филм: За родителите на деца со аутизам и за тие кои не сфаќаат низ што поминуваат овие семејства

Краткиот филм „Float“ ќе ве освои со силната порака за прифаќањето на „различните“. Анимираното видео на Pixar е дело на Боби Рубио, кој сакал да ја раскаже приказната за неговиот син и дијагнозата аутизам.

7-минутниот филм го следи животот на татко кој се грижи за мало синче со специјална моќ да лебди во воздухот. На почетокот, тој се обидува да го сокрие момчето од осудувачките погледи на соседите, но на крајот, успева да го надмине моментот „што мислат другите“ и да го прифати синот онаков каков што е.

На Рубио во реалниот живот му било тешко да прифати дека неговиот син е аутистичен, па го користел сопственото искуство за да го креира таткото од филмот.

„Се измачував со дијагнозата на почетокот. Да бидам искрен, поминав низ депресија“ – признава тој.

Филмот беше објавен во 2019 година на Disney+, а Pixar и Disney сега одлучија да биде достапен за целиот свет.

ЕУРО 2020

Македонија