петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 110
home Живот и стил

Колку жените работат повеќе од мажите?

Колку жените работат повеќе од мажите?

Едно истражување покажува дека жените работат во просек 50 минути повеќе секој ден од мажите. Така годишната разлика достигнува 304 часа, или 38 дополнителни осумчасовни работни денови.

Податоците се од извештајот „Глобал џендер геп“ на Светскиот економски форум и земено е во предвид времето што мажите и жените го поминуваат на официјалната работа, плус работата дома. На пример, жените во Индија работат во просек за 95 минути на ден повеќе од мажите и за една година акумулираат 72 дополнителни работни денови.

Слична е и ситуацијата во Португалија, каде разликата е 90 минути на ден и 68,5 дена во годината. Во Естонија овие индикатори се соодветно 70 минути и 53 дена, а во Италија – 60 минути и 45,5 дена. Но, има и земји во кои мажите работат повеќе од жените, и тоа се Холандија, Норвешка, Нов Зеланд, Данска, Шведска и Јапонија.

Максималната разлика во должината на работниот ден во корист на жените е регистрирана во Јапонија, каде што мажите работат во просек за 27 минути подолго од жените.

 

Коронавирус