среда, 23. септември 2020. Вести денес: 63
home Живот и стил

Колку трае породилното отсуство во другите земји низ светот?

Колку трае породилното отсуство во другите земји низ светот?

Најмал временски период на платено породилно отсуство од два месеци има во САД. Од друга страна, Естонија нуди и повеќе од година и пол платено отсуство, со што стана земја со најдобри услови и бенефиции за бремени жени.

Други земји што нудат платено породилно отсуство од една година се Буга

рија, Романија, Јапонија, Литванија, Австрија, Чешка, Норвешка, Словачка и други.

Дури во 19 од 41 земја, поголемиот дел од платеното отстуство се однесува на породилното за жената, а во 31 земја и татковците имаат право да го користат отсуството. Сепак, нивното отсуство е поскромно и изнесува во просек две недели. Исклучок се Јапонија (30 недели) и Кореја (16 недели).

Португалија, Луксембург и Норвешка нудат околу два месеци родителско отсуство за татковци.

На Кипар, во Израел, Турција, Ирска, Швајцарија и Нов Зеланд, платеното отсуство се однесува на раѓање и грижа за бебето, но татковците немаат платено родителско отсуство.

 

Коронавирус