четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 51
home Живот и стил

Колку долго трае имунитетот на коронавирусот: Истражување покажа за колку време исчезнуваат антителата

Колку долго трае имунитетот на коронавирусот: Истражување покажа за колку време исчезнуваат антителата

Луѓето кои прележале COVID-19 имаат краткотраен имунитет на коронавирусот. Ново истражување на Кралскиот колеџ во Лондон откри дека имунитетот трае само неколку месеци, пренесе BBC.

Во студијата учествувале 96 лица на кои било проучувано како се создаваат антитела на вирусот и колку долго се задржуваат. Резултатите покажале дека антителата почнуваат да исчезнуваат три месеци по закрепнувањето.

Според крвните тестови, дури и луѓето со благи симптоми имале имунолошки одговор на вирусот, но помалку од луѓето со потешки форми.

Само 16,7 проценти сè уште имале високо ниво на антитела 65 дена по првите симптоми.

Сепак, не е јасно дали по исчезнувањето на антителата лицето останува чувствително на истиот вирус и дали повторно може да се зарази. Во истражувањето се додава дека и во случај да не се детектирани антитела, тоа не значи дека нема имунитет.

Студијата покажа дека антителата не се единствените кои даваат заштита, бидејќи заштита има и од Т-клетките кои помагаат во борбата против вирусот.

– Дури и ако на крајот немате антитела, тоа не мора да значи дека немате заштитен имунитет затоа што веројатно имате клетни со имунитетна меморија кои можат брзо да преземат активности за да предизвикаат нов имунолошки одговор ако повторно стапите во контакт со вирусот, така што може да имате поблага инфекција, вели професорката за вирусна имунологија Мала Мани, консултант на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Професорот од клиниката Ворвик, Џејмс Џил вели дека дури и оние кои имаат позитивен тест на антитела, особено оние кои не можат да објаснат како биле изложени на вирусот, треба да продолжат да бидат внимателни, да се придржуваат до мерката за физичко растојание и да користат маски.

За сега останува да видиме што се случува доколку лицата дојдат во контакт со вирусот по вторпат или третпат и дали организмот ќе се бори на истиот начин.

Коронавирус