четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 134
home Живот и стил

Која е разликата меѓу паметна жена и мудра жена?

Која е разликата меѓу паметна жена и мудра жена?

Паметна жена му замерува на мажот за некоја грешка и секогаш го потсетува дека сто пати го предупредувала да не го направи тоа. Мудрата жена ќе го поддржи и расположи и понекогаш и се преправа дека не забележила дека направил грешка.

Паметна жена во кризна ситуација ќе ги преземе работите во свои раце и ќе го научи мажот како да живее правилно.
Мудрата жена многу незабележливо ќе му го покаже правецот такашто мажот ќе мисли дека тоа било негова идеја и ќе го поддржи во намерата да стигне до таа цел.

Паметна жена ќе ги учи децата да знаат математика без оглед на сѐ.
Мудрата жена пред сѐ ќе ги поттикнува да се развиваат врз основа на нивниот карактер.

Паметната жена на работа ќе се труди да биде подобра од сите и да не прави грешки, затоа другите ќе внимаваат како се однесуваат со неа.
Мудрата жена меѓу колегите ќе создаде атмосфера полна со љубов и топлина.

Паметна жена ќе се меша во животот на своите возрасни деца, ќе им дава совети и препораки кои не ги ни барале, ќе им кажува како да ги воспитуваат своите деца.
Мудрата жена им дозволува на своите деца самите да стекнат животно искуство и ќе им даде поддршка во секоја ситуација.

Паметната жена ќе се бори против влијанието на свекрвата, ќе ја брани својата независност од родителите, ќе се расправа со нив поради нивните совети.
Мудрата жена ќе се научи да се насмевне, молчеливо да ги слуша и да се сложува со нив, а потоа ќе си тера пак по нејзино.

Паметната жена сака да го промени светот. Да ги промени луѓето околу себе.
Мудрата жена почнува самата да се менува и ги прифаќа луѓето такви каквишто се.

Паметната жена мисли дека среќен е оној кој е во право.
Мудрата жена знае дека во право е оној кој е среќен.