сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 34
home Живот и стил

Кој е симболот на вашиот живот? Месецот на раѓање го открива одговорот

Кој е симболот на вашиот живот? Месецот на раѓање го открива одговорот

Кој е симболот на вашиот живот? Каков живот живеете и каква иднина ве очекува? Месецот на раѓање го крие одговорот.

Јануари – змеј

Како и првиот месец во годината, вие сте личност која сите ја следат. Имате силна волја и потенцијал да преминете преку сите пречки во животот. Сепак, внимавајте на своето трпение. Некогаш можете да се најдете во ситуација да реагирате пребурно, а потоа да се каете. Потребно е да најдете некакво хоби, или нешто друго кое ќе може да ве смири за да живеете посреќно и поспокојно.

Февруари – феникс

Како и вашиот симбол, вие секогаш се кревате од пепелта. Растете посилни и помоќни. Во тоа лежи вашата главна сила. Делувате нежно и кревко, и секој би помислил дека може да ве повреди, но имате огромна сила во себе.

Март – јинг јанг

Вие барате баланс во животот и секогаш ги разгледувате добрите и лошите страни на сите работи. Имате позитивен пристап кон животот и животните ситуации. Сепак, често го гледате само доброто и постојано преговарате и решавате проблеми. Бидете повнимателни кога станува за луѓето. Не се сите добри личности.

Април – лав

Исполнети сте со неверојатна страст, но сте и многу храбри. Секогаш лесно се справувате со предизвиците. Освен тоа, вие сте многу лојален пријател. Секогаш ги штитите оние кои ги сакате и би го ризикувале својот живот само тие да се среќни.

Мај – волк

Вие сте роден лидер, но секогаш ја преферирате осаменоста и не ви е проблем да останете во сенка. Не сакате да се наметнувате, но штом ви се даде шанса ја користите и секогаш испаѓате победници во сите нешта.

Јуни – риба

Вие сте безгрижна личност и се грижите само за слободата во својот живот. Кога би можеле би ги прескокнале сите обврски и одговорности, но тоа не е возможно за вас. Имате огромна сила во себе и затоа не треба да ги игнорирате своите инстинкти. Можете да постигнете многу.

Јули – оган

Секогаш сте водени од страст и ако нешто ви е важно, не гледате на страна. Сакате силен интензитет, без оглед на тоа дали станува збор за кариера, врски, пријателства или нешто што го сакате. Сепак, чувајте ја таквата страст за да не прерасне во опсесија.

Август – коњ

Како и коњите, вие сте горди и грациозни, но и сигурни во себе. Сакате слобода и авантури. Само верувајте во себе и можете да постигнете што и да посакате.

Септември – цвеќе

Вие сакате спокој и мир. Вие носите убавина во овој свет. Имате силна харизма со која ги освојувате другите луѓе. Обожавани сте во секое друштво, а можете да постигнете што и да посакате само со вашата насмевка.

Октомври – ѕвезда

Вие сте светлината за другите луѓе, секогаш им го покажувате патот. Успехот никогаш не е  само за вас, туку вие го постигнувате така што им помагате на другите. Сепак, треба некогаш да помислите и на себе за да не изгорите за другите.

Ноември – дрво

Вие сте поддршка и рамо за плачење за другите. Им давате сила и знаат дека секогаш можат да се потпрат на вас. Ви одговара работа која ќе ве направи среќни помагајќи им на оние на кои им е потребно тоа.

Декември – вода

Како водата која тече, вие се однесувате различно во сите ситуации. Можете да бидете смирени со едни пријатели, а а опасни и турбулентни со други. Се зависи од вашето расположение во конкретниот момент.