недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Кои се причините за поголема смртност кај мажите?

Кои се причините за поголема смртност кај мажите?

Медицината базирана на пол е интересна за медицинската заедница уште од 90-тите години на минатиот век, со посебен интерес за разликите во здравјето помеѓу мажите и жените.

На глобално ниво, просечниот животен век на мажите е четири или пет години пократок од животниот век на жените. Откриено е дека мажите имаат поголема стапка на смртност отколку жените од ембрионална фаза до старост.

Оваа разлика во смртноста обично се должи на здравствени проблеми поврзани со начинот на живот кај млади мажи, како и на релативно високата инциденца на кардиоваскуларни болести и малигни заболувања по средната возраст. Врз основа на некои студии, постојат разлики помеѓу мажите и жените во околу 15 главни причини за смрт.

Според некои студии, постои поголема стапка на смртност кај мажите кај 12 болести, а особено големи разлики се наоѓаат кај кардиоваскуларните болести, хипертензија, дијабетес и рак.

Биолошкото образложение за овие разлики може да биде вкоренето во поголем оксидативен стрес (состојба во која антиоксидансите се дефицитарни), компензација на Х-хромозомот (кога се прави промена кај машки Х-хромозом, нема друга копија на овој ген што да се компензира промената затоа што мажите имаат само еден Х хромозом), разлики во должината на теломерите (крајните делови на хромозомите кои се поврзани со стапката на стареење и очекуваното траење на животот), посовршената функција на имунитетниот систем кај жените и заштитниот ефект на естроген против разни болести кај жени.

Идентификувањето на причините за разликата во очекуваниот животен век помеѓу мажите и жените е првиот чекор кон подобрување на здравјето на мажите и таквите студии мора да ги земат предвид разликите што не можат да се објаснат само со генетски фактори.

Биолошките разлики, како што се хормоналните разлики и факторите на животната средина, како и  бројните занимања на мажите кои се опасни по нивниот живот и здравје , исто така, мора да бидат земени во предвид.

Покрај тоа, мажите имаат специфични карактеристики на животниот стил кои предиспонираат за поголема смртност, како што се начин на живот со поголем ризик, склоност мажите да не се спротивстават на промените во нездравото однесување и поретко да бараат лекарска помош. Целта на анализите е да се разјаснат овие фактори и да се подобрат со цел да се заштити здравјето на мажите.

Коронавирус