вторник, 20. август 2019. Вести денес: 34
home Живот и стил

Кои модни парчиња ќе ви помогнат да ги освоите машките срца?

Кои модни парчиња ќе ви помогнат да ги освоите машките срца?

Иако мажите генерално не обрнуваат внимание на тоа како се облекуваат жените, постојат одредени парчиња кои тие обожаваат да ги гледаат кај жените.

1. Високи потпетици

Мажите обожаваат да видат самоуверена жена како насмеана чекори по улиците со своите високи потпетици. Не мора тоа да бидат вртоглаво високи потпетици, доволни се и неколку сантиметри, затоа што нозете така изгледаат женствено и витко.

2. Капи и качкети

Спорт и убава жена – идеална комбинација за многу мажи. Девојката која на натпреварот будно ги следи случувањата на теренот, облечена во спортска комбинација носејќи качкет или капа со амблемот на омилениот клуб е глетка која го привлекува погледот на секој маж.

3. Мини здолништа

Ако некогаш некој маж кажал дека не сака да види жена во мини здолниште – ЛАЖЕЛ!

4. Мало, црно фустанче

Мажите дефинитивно не сакаат да гледаат премногу бои и детали, а многу жени го сакаат токму тоа. За нив, црниот фустан е полн погодок. Класично, едноставно и секси! Овој фустан праќа порака дека на жената не и треба многу за да се чувствува атрактивно во своја кожа.

5. Фармерки

Фармерките никогаш не излегуваат од мода, па ни од списокот на модни парчиња кои мажите обожаваат да ги гледаат на жените. Нивното внимание секако дека ќе го привлече девојка во добри, тесни фармерки кои ја истакнуваат нивната женствена фигура.