петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 57
home Живот и стил

Кои луѓе имаат најуспешни љубовни врски?

Кои луѓе имаат најуспешни љубовни врски?

Секој ќе ви каже дека најдобро е покрај себе да имате партнер кој секогаш е насмеан и кој има оптимистички ставови. И навистина, постои ли личност која не сака да биде опкружена со насмеани и забавни луѓе? Но, едно ново истражување вели нешто поинаку.

Имено, оптимистите обично имаат високи очекувања кои понекогаш можат да бидат нереални и да се одразуваат негативно на врската кога, на пример, од вас очекуваат повеќе отколку што можете да им дадете.

Истражувањето покажало дека луѓето кои се премногу оптимистични во врската, воглавно имаат лоши одбранбени механизми кога се соочуваат со лоши работи. Тие ние ги прифаќаат негативните работи кои се случуваат на реален начин, затоа што тоа го руши нивниот розев поглед на светот, па во тие ситуации се потпираат само на партнерот и очекуваат дека тој ќе го реши секој проблем наместо нив.

Едноставно тие не умеат да ги решаваат проблемите. Тие имаат нереални очекувања, па затоа и често се разочаруваат.

Од друга страна, песимистите се многу пореални и добро знаат како да се носат со секоја ситуација на која наидуваат. Тие се подготвени за секоја незгодна ситуација. Истовремено, тие имаат и помали очекувања од партнерот.