петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 159
home Живот и стил

Кога ви е некој секси тоа нема врска со изгледот, туку има со овие две работи…

Кога ви е некој секси тоа нема врска со изгледот, туку има со овие две работи…

Не, не е изгледот! Дали мислите дека ви се допаднале нечии очи, тело, усни? Голема грешка сте!

Научниците открија што сочинува голем дел од привлечноста што ја чувствуваме. Ако некој е неодоливо секси за нас, тоа нема никаква врска со изгледот!

Во студијаѕа објавена во списанието „Граници на психологијата“, тим научници од Универзитетот во Вроцлав во Полска анализираа што е привлечност и како ја доживуваме.

“Многу студии се фокусираат на физичкиот изглед, визуелните аспекти – лицето или телото. Но, постои литература за тоа како другите сетила учествуваат во чувството на привлечност и таа не е занемарлива. Привлечноста исто така се формира врз основа на информациите што ги добиваме за време на социјалната интеракција”, рече таа. Д-р Агата Гројецка, авторка на студијата.

Гените исто така учествуваат во сè – кога ќе нè привлече некој со генотип сличен на нашиот, можно е да не одбие нивниот мирис. И обратно, ќе ни се допадне мирисот на некој што има поинакво генетско потекло.

Бојата на нечиј глас е исто така многу важна, дури и ако тоа не го разбираме на прв поглед. Истражувањето се заснова на анализа на студии спроведени во последните 30 години и дефинитивно покажа дека бојата на гласот и нечиј мирис се многу важни кога „одлучуваме“ дали ни се допаѓа некој или не.

Коронавирус