недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 32
home Живот и стил

Кога човек сака да си оди…

Кога човек сака да си оди…

Луѓето се заедно, додека сакаат да бидат заедно.

Ни должност, ни чест, ни морал не гo врзува со ланци еден човек за друг. Кога човек сака да си оди, тој ќе оди и од куќа и од деца. Кога некој сака да бидете заедно, никакви твои мани нема да му сметаaт. Кога сака да со оди, никакви твои доблести нема да го задржат.

Без оглед колку не си убав/a и непривлечeн/a, обавезно ќе се најде тој што ќе те засака. Но, без оглед колку си добар и посакуван, ќе се пронајде некој кој ќе те отфрли. Ако те одбие, тоа ништо не значи. Ти не стануваш полош или помал, навистина ништо страшно не се случува. На светот постои твој човек кој ќе те прифати.

Почитувај она што имаш, не жали за изгубеното и не се плаши да губиш. Радувај се на тоа што постои човек кој те осветлува.

И свети сам: што повеќе светлост, помалку страв, штом има помалку страв- помалку има темница во душата. Што повеќе сакаш, што повеќе љубов даваш, тоа повеќе останува.

Ако давајќи љубов, си почивствувал/а болка или омраза- значи на човекот му даваш отров во чоколадна глазира. Тешко дека треба да се биде благодарен за овој дар.

Отпушти. Дозволи му на човекот да биде уште некој, освен огледало на твојата љубов. Да се живее во саканиот- редок е талент и ретко проклетство. Биди свој, биди достоен, заборави на страв- еднаш тој ќе се врати. Но, не денес. Верувај. Имај доверба. Дај топлина. Биди благодарен.

Не мисли за тоа, што може да биде- мисли само за она што е овде и сега, во оган и вода, под звездите. Оди си, пред да се појави смрдеа од мртвата љубов. Таа доаѓа во оној момент, пред желбата да се претвори во опсесија. Оно што е купено за пари, само е материјална вредност. Она што е скршено, добиено со солзи, одземено и украдено, ќе биде одземено и тродупло вратено.

Она што е дадено по добра волја, од срце- непроценливо е. Како да го почекаш својот човек? Едноставно. Ќе му одиш во пресрет и ќе налеташ на него на сред пат. Тој не знае. Ти не го повика. Вие се пронајдовте.

Извор: uspesnazena