петок, 4. декември 2020. Вести денес: 95
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Живот и стил

Ќе ве облеат силни емоции: Две сестри се сретнаа по 78 години потрага, ги разделила војната, ги спои судбината (ВИДЕО)

Ќе ве облеат силни емоции: Две сестри се сретнаа по 78 години потрага, ги разделила војната, ги спои судбината (ВИДЕО)

Две руски сестри се обединија 78 години откако биле разделени во Втората светска војна, и тоа благодарение на телевизиско шоу и полициска потрага. Јулија и Розалина Харитонови сега имаат 92, односно 94 години.

„Ја барав. Никогаш не престанав да ја барам“, изјави Розалина.

Како тинејџерки, тие живееле со родителите во Сталинград (денешен Волгоград), каде се водеше една од најкрвавите битки во Втората светска војна. Се разделиле во 1942 година при евакуацијата на цивилите. Јулија заминала со мајка ѝ во Пенза, 300 километри на север, додека Розалина била преселена во 1.400 километри оддалечениот Чељабинск.

„Откако биле разделени во младоста, овие жени никогаш не ја изгубиле надежта дека повторно ќе се видат“, изјави портпаролка на полицијата.

Двете сестри повторно се сретнале во Чељабинск откако ќерката на Јулија побарала помош од полицијата во лоцирањето на тетка ѝ. Розалина претходно неуспешно се обидувала да ја најде сестра ѝ преку ТВ-шоу кое бара исчезнати роднини, што подоцна ѝ помогнало на полицијата.

Коронавирус