недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 10
home Живот и стил

Келнер добил бакшиш од 1000 долари, но утредента следувал шок

Келнер добил бакшиш од 1000 долари, но утредента следувал шок

Келнер од Тајланд добил бакшиш од 1000 долари, иако сметката била само 60 долари. Пијаниот гостин го почастил, а тој од среќа почнал да ги дели парите со персоналот.

– Келнерот беше шокиран, не можеше да поверува дека ова некогаш ќе му се случи, – изјавил сопственикот на ресторанот.

Сепак, несреќиот келнер утрото бил пречекан со ладен туш. Гостинот повторно дошол во ресторанот, се извинил поради непријатноста и го прашал келнерот каде би можел да ги загуби своите 1000 долари. Му рекол дека бил пијан и на ништо не се сеќава.

– Човекот беше толку пијан што не се сеќаваше дека парите ги оставил како бакшиш, па сите му ги вратија, – изјавил сопственикот и додал дека гостинот сепак оставил 40 долари како извинување за своето однесување.