сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 94
home Живот и стил

Кажувајте си ги овие две зборчиња – имаат моќ да ви го променат животот

Кажувајте си ги овие две зборчиња – имаат моќ да ви го променат животот

„Ти можеш!“

Науката тврди дека овие две зборчиња имаат магична моќ и дека ова е многу подобар начин да се поттикнете себеси отколку да кажете: „Јас можам!“

Доктор Сандра Долкос вели:

„Луѓето се навикнати да даваат и примаат совети од други луѓе и изгледа дека токму од таа причина, човечката психа претпочита да користи второ лице како поттик за мотивација.“

Имено, самоохрабрувањето во второ лице еднина, ни овозможува да добиеме поширока перспектива, затоа што на тој начин го репродуцираме оној вид на охрабрување кое го добиваме од другите.

Истражувањето покажало дека луѓето кои се се обраќаат на себеси со „ти“ наместо со „јас“, имаат многу попозитивен став кон целта која си ја имаат зададено, а најдобри резултати се постигнуваат ако советите упатени кон самите себе ги напишете на лист хартија.

Пишувањето како начин за разговор со самите себе одамна се користи како терапевтски пристап, а во ситуациите во кои е потребна голема доза на самоконтрола, ова е навистина корисен метод!

Обидете се и дознајте!

Коронавирус