четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 114
home Живот и стил

Какво име му дадовте на вашето дете? Тоа покажува какви сте вие како родители!

Какво име му дадовте на вашето дете? Тоа покажува какви сте вие како родители!

Дури и да не сте родители, сигурно имате листа на имиња кои ви се допаѓаат за во иднина. Родителите кои веќе се одлучиле за едно единствено име, имаат добра причина зад нивната одлука.

Ги откриваме карактерните црти и амбиции на родителите преку името на нивното дете:

Имиња од познати личности

Трендот на „што понеобично – тоа подобро“ го смислија познатите и веќе се повторува неколку години. Родителите кои на своите деца им даваат вакви имиња најчесто се желни за внимание од околината. Големи се шансите и самите родители да имаат име кое го делат со многу врсници, па тоа не им се допаѓа.

Старински имиња

Родителите кои на своите деца им даваат старински имиња се сметаат за конзервативни. Но, тоа не мора да го сфаќате негативно. Во морето на чудни имиња, не е лошо да се сетиме колку убаво може да звучат традиционалните.

Единствено име

Често родителите кои сакаат да измислат целосно ново име се карактеризираат како креативни и по малку чудни. Бидете внимателни, бидејќи утре не сакате да го исмеваат на училиште заради вашата претерана фикс идеја. Не дозволувајте моментот на креативност да стане товар за детето.

Семејни имиња

Сосема очекувано, се работи за сентиментални родители кои ги почитуваат семејните вредности. Сепак, земете ја предвид и звучноста на името, бидејќи повеќето луѓе кои вашето дете ќе ги сретне во животот нема да ја знаат семејната приказна зад него, па би требало барем да звучи впечатливо и соодветно.

Унисекс имиња

Имињата кои одговараат и на машки и на женски деца најчесто ги одбираат родители кои се успешни на поле кариера. Унисекс имињата за нив значат предуслов за успех за детето во иднина.

Коронавирус